close

Категории

Категорија АМ

  1. Во категорија “АМ” спаѓаат мотокултиватори и приколки за мотокултиватори , помошни мотоцикли, мотоцикли, лесни трицикли и лесни четрицикли.

Услови кои треба да се исполнат за стекнување на дозвола од АМ категорија:

  • Да имате 16 години возраст
  • Важечка лична карта
  • Лекарско уверение
  • Уверение за завршена курсна настава по прва помош
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • Изјава од родителите заверена на нотар со која се согласуваат нивното дете да се запише во авто школа и да се стекне со возачка дозвола
  • (се полага само теоретски дел).
4 дена предавања
16 часа теорија
Полигон; Со сите потребни услови
Тестирање; Различни методи за да бидете поподготвени

Категорија А

  1. Во категорија “А” спаѓаат мотоцикли и трицикли, чија работна зафатнина на моторот е поголема од 120cm3 и чија сила на моторот е поголема од 11KW.
  2. Во категоријата “A1”спаѓаат мотоцикли и трицикли, чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125cm3 и чија сила на моторот не е поголема од 11KW.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од А категорија:

  • Да имате 24 години возраст
  • Важечка лична карта и дозвола
  • Лекарско уверение
  • Копија од дозвола за Б категорија заверена на нотар
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • (доколку поседувате возачка дозвола од Б категорија тогаш се полага само практичен дел полигон-градска)
2 дена предавања; 4 часа теорија
16 часа практична обука
Полигон; Со сите потребни услови
Тестирање; Различни методи за да бидете поподготвени

Категорија Б

  1. Се дозволува да се вози моторно возило чија вкупна маса не надминува 3500 kg и да нема повеќе од 9 седишта вклучувајќи го и седиштето на возачот.
  2. Моторни возила за лична употреба.
  3. Моторни возила со лесни приколки чија вкупна маса, при полн товар, не надминува 3.5 тони.
  4. Возило со приколка (камп-возило) чија вкупна маса не надминува 3.5 тони.
  5. Земјоделски возила.
  6. Технички возила чија вкупна маса не надминува 3.5 тони.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од Б категорија:

  • Да имате наполнето 17 години и 6 месеци
  • Важечка лична карта
  • Лекарско уверение
  • Уверение за завршена курсна настава по прва помош
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • Изјава од родителите заверена на нотар со која се согласуваат нивното дете да се запише на авто школа и се стекне со возчка дозвола
  • (ако има наполнето 18 години возраст тогаш изјава од родители не е потребно)
5 дена предавања; 20 часа теорија
36 часа практична обука
Полигон; Со сите потребни услови
Тестирање; Различни методи за да бидете поподготвени

Категорија БЕ

  1. Категорија BE: Комбинации во кои спаѓаат влечни возила од Б категорија, со приколка чија вкупна маса надминува 750 kg, што ја надминува празната маса на влечната возило, и чија максимална маса на групата не надминува 3500 kg.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од БЕ категорија:

  • Да поседувате дозвола од Б категорија најмалку 1 година
  • Важечка лична карта и дозвола
  • Лекарско уверение
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • Копија заверена на нотар од дозволата од Б категорија
2 дена предавања
4 часа теорија
8 часа практична обука
Подготовка

Категорија Ц

  1. Во категорија “Ц” спаѓаат друга група возила од онаа од категорија “Д” чија вкупна маса надминува 3500 kg и на кои може да им биде придадено приклучно возило, чија маса не надминува 750 kg.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од Ц категорија:

  • Да имате наполнето 21 години возараст и да поседувате дозвола од Б категорија најмалку 1 година
  • Важечка лична карта и дозвола
  • Лекарско уверение
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • Копија заверена на нотар од дозволата од Б категорија
5 дена предавања; 10 часа теорија
20 часа практична обука
Полигон; Со сите потребни услови
Тестирање; Различни методи за да бидете поподготвени

Категорија ЦЕ

  1. Во категорија “ЦЕ” спаѓаат моторни возила со комбинација на возило од Ц категорија со приколка или полуприколка, чија максимална дозволена маса на приколката или полуприколката надминува 750 kg.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од ЦЕ категорија:

  • Да поседувате дозвола од Ц категорија најмалку 1 година
  • Важечка лична карта и дозвола
  • Лекарско уверение
  • Копија заверена на нотар од свидетелство каде се докажува дека имате завршено најмалку основно образование
  • Копија заверена на нотар од дозволата од Ц категорија
2 дена предавања
4 часа теорија
8 часа практична обука
Подготовка

Категорија Д

  1. Во категорија “Д” спаѓаат моторни возила за превоз на луѓе кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од 8 седишта, на кои може да им биде придадено приклучно возило, чија маса не надминува 750 kg.

Услови кои треба да се исполнат за добивање на дозвола од Д категорија:

  • Да имате наполнето 24 години и да поседувате дозвола од Ц категорија најмалку 2 години