close

Знаци за опасност

Сообраќајните знаци за опасност служат да ги предупредат учесниците во сообраќајот за опасноста што им се заканува на одредено место, односно на дел од патот и да информираат за природата на таа опасност. Знаците за опасност се во форма на рамностран триаголник. Основната боја е бела, симболите се претставени во црно, а рабовите се црвени. Надвор од населбата, според правилата, се поставени знаци за опасност од 150 до 250 метри пред опасното место на коловозот.

Опасност на патот

Сообраќај во две насоки

Вкрстосување со кружен тек на сообраќајот

Крстосување со спореден пат под прав агол

Крстосување на патишта од иста важност

Кривина на лево

Кривина на десно

Двојна кривина или повеќе кривини од кои првата е надесно

Двојна кривина или повеќе кривини од кои првата е налево

Спојување на два пата со еднонасочен сообраќај во пат со двонасочен сообраќај

Крстосување со спореден пат под прав агол од левата страна

Крстосување со спореден пат под прав агол од десната страна

Крстосување со спореден пат под остар агол од левата страна

Крстосување со спореден пат под остар агол од десната страна

Опасна нагорнина

Опасна надолнина

Нерамен коловоз поради издадености на патот

Нерамен коловоз поради издадености и вдлабнатини на патот

Нерамен коловоз поради вдлабнатини на патот

Голомразица

Лизгав коловоз

Одронување на камења од десна страна

Камења прскаат

Стеснување на патот

Стеснување на патот од лева страна

Стеснување на патот од десна страна

Работи на патот

Густ сообраќај

Бочен ветар од лева страна

Подвижен мост

Близина на брег

Наидување на сообраќајни светлосни знаци

Наидување на сообраќајни светлосни знаци

Обележан пешачки премин

Пешаци на патот

Деца на патот

Близина на автобуска станица

Близина на воздухопловна писта

Велосипедисти на патот

Животни на патот

Животни на патот

Премин на патот преку железничка пруга со браници или полубраници

Премин на патот преку железничка пруга без браници или полубраници

Трамвајска пруга

Андреин крст

Андреин крст со два или повеќе колосеци

Приближување кон премин на пат преку железничка пруга без браници или полубраници

Приближување кон премин на пат преку железничка пруга со браници или полубраници

Превртување или излизгување на возила

Неутврдена банкина

Тунел

Опасност од пожар